ПОЧИНАЛ ВОЗАЧ НА АВТОБУС ДОДЕКА ОДМАРАЛ НА ПРЕВОЈОТ СТРАЖА

    ПОЧИНАЛ ВОЗАЧ НА АВТОБУС ДОДЕКА ОДМАРАЛ НА ПРЕВОЈОТ СТРАЖАПред тргнување од кусиот одмор на Стража, кога 37-годишниот возач се качувал во автобусот, наеднаш му се слошило, паднал во бесознание и починал. (Фото: Википедија)

    Возач на автобус кој сообраќал на линијата од Кичево кон Гостивар, почина на превојот Стража. Вчеравечер околу 22 часот, автобусот застанал на превојот Стража на краток одмор. Пред тргнување, кога 37-годишниот возач Г. Д. се качувал во автобусот, наеднаш му се слошило и паднал во бесознание.

    Патниците од автобусот веднаш се обиделе да му помогнат и да го реанимираат. Била повикана и Брза помош од Гостивар, но сè било залудно. Кога стигнала Брзата помош, лекарите само ја констатирале неговата смрт.

    Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле комплетен увид. Откако било констатирано дека Г. Д. починал од природна смрт, а по наредба на јавниот обвинител, неговото тело му е предадено на семејството.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира