РЕАТА ОД ДИВАТА ДЕПОНИЈА СМРДИ ДУРИ ДО ЦЕНТАРОТ НА ТЕТОВО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

РЕАТА ОД ДИВАТА ДЕПОНИЈА СМРДИ ДУРИ ДО ЦЕНТАРОТ НА ТЕТОВО

Дивата депонија на влезот во Тетово е темпирана еколошка бомба што од ден на ден станува сѐ поголема, а тешкиот и непријатен мирис што се шири од неа се чувствува речиси до центарот на градот. Тони смет се почнаа да се оставаат и на асфалтниот пат бидејќи другиот простор е преполнет со смет кој чека да биде транспортиран.

“Најлошо е наутро и во доцна попладне. Ние живееме само на 300-400 метри од депонијата и миризбата која се шири е неподнослива. Мора да седиме со затворени прозорци. А кога ќе ја запалат депонијата, е тогаш е навистина катастрофа. Не знам до кога ќе можеме вака да издржиме. Комуналците и Општината навистина треба нешто итно да превземат“, се жали Петар Р. (46) од Тетово.

А дека депонијата намерно се пали потврдија и од територијалната противпожарна единица на Тетово.

“Досега повеќе пати сме интервенирали и сме гаселе пожари на депонијата. Тоа некој намерно го пали ѓубрето. Еве, најдрастичен пример за ова беше на десети овој месец, кога во период од само неколку часа имавме дури 5 интервенции“, ни изјави командирот на противпожарната едниница од Тетово Ука Алити.

Deponija-03

Депонијата намерно се пали, но досега нема ниту пријави ниту пак некој е казнет за палење на сметот

Сепак, досега нема ниту пријави ниту пак некој е казнет за палење на сметот.

Јавното комунално претпријатие од Тетово вели дека засега е немоќно да го реши овој проблем. Главната причина ја гледаат во блокадата на патот кој води кон регионалната депонија во гостиварско Русино.

“Засега, рацете ни се врзани и не можеме временски да постигнеме да го однесеме сметот кој дневно се прибира од градот и се остава на оваа претоварна станица“, вели Џелил Цека, директор на ЈКП Тетово. „Жителите на Русино не доволуваат нашите камиони да проаѓаат низ селото до депонијата Русино. Бараа да се изгради пат, а сега бараат и градба на фабрика за преработка на ѓубрето. Што се однесува до градбата на патот и ние како ЈКП сме заинтересирани за тоа, бидејќи така ќе можеме и ние со големи камиони да добиеме пристап до депонијата. За изградба на фабрика, е тоа е прашање кое не може да се реши во еден ден“, вели Цека.

Општина Тетово најавува дека утре можно е да се организира уште една средба со жителите од Русино и се надеваат дека блокадата на патот ќе биде тргната.

“Ако се ослободи патот, ние овој насобран смет можеме за два до три дена да го тргнеме“, вели директорот Цека. „Сега сметот мораме да го носиме во депонијата Дрисла во Скопје. Дневно во градот се собираат од 100 до 150 тони смет и во Русино носевме и по 20 тури дневно, а сега во Дрисла транспортираме најмногу 9 тури, бидејќи транспорот до таму, поради далечината, ни одзема многу време. Затоа, на претоварната станица секојдневно се натрупува смет кој не можеме навреме да го транспортираме“, вели Цека.

Но, овие оправдувања на тетовските комуналци не ги прифаќаат жителите на Тетово, кои се крајно револтирани од ваквата состојба што со години е присутна во Тетово.

Како решение за отстранување на оваа дива депонија, односно претоварна станица, како што ја нарекуваат од Општината, е изградбата на затворен објект во кој прво ќе се врши сортирање на отпадот, а потоа негово транспортирање. Но иако проектот веќе е готов, со месеци се чека на соодветни дозволи од надлежните министерства.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира