ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ ЌЕ СЕ ЗНАЕ КОИ МИНИСТРИ И ДИРЕКТОРИ ЌЕ БИДАТ СМЕНЕТИ, ВЕЛИ ЗАЕВ

    ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ ЌЕ СЕ ЗНАЕ КОИ МИНИСТРИ И ДИРЕКТОРИ ЌЕ БИДАТ СМЕНЕТИ, ВЕЛИ ЗАЕВСпоред Заев, аргументите за смена ќе бидат ароганцијата, неисполнување на поставените задачи, неагилноста, или сѐ она од што граѓаните не се задоволни

    Премиерот Зоран Заев рече дека на почетокот на јуни ќе се знае кои функционери на централно ниво ќе бидат заменети, а во текот на летото и на локално ниво. Одговарајќи на новинарско прашање, тој кажа дека искористил продолжен викенд за да одмори и да ги консолидира сите ставови, а дека во наредните две недели точно ќе се знае кој ќе мора да го напушти местото и да биде заменет со друг.

    „Ќе има промена и на министерско ниво и на ниво на директори на претпријатија, но и на локално ниво, како и во партијата од која доаѓам. Аргументите за смена ќе бидат ароганцијата, неисполнување на поставените задачи, неагилноста, или сѐ она од што граѓаните не се задоволни. Станува збор за човечки слабости, а не за тоа кој е крив или не. Секако и решенијата од Антикорупциската комисија, особено ако имало влијание при вработување ќе се земе предвид“, рече Заев на презентација на Извештајот на ОБСЕ со резултатите од истражувањето за благосостојбата и безбедноста на жените.

    На прашањето како ја оценува изјавата на функционерите на ДУИ дека тие одговараат само пред нивната партија, тој кажа дека сите доаѓаат од некоја партија, но дека не може да има режимско поставување кандидати и дека тој како мандатар на Владата може да предложи промени, но Собранието одлучува кое е составено од различни партии, а како мандатар предлага и промена на директори но владата како колективен орган одлучува.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира