ТАМАРА ВЛЕЗЕ ВО ФИНАЛЕТО НА ЕВРОВИЗИЈА

    ТАМАРА ВЛЕЗЕ ВО ФИНАЛЕТО НА ЕВРОВИЗИЈАТамара Тодевска е прв македонски претставник во финалето на Евровизија од 2012 година. - Од вечерашниот настап во Тел Авив (Фото: ЕПА)

    Тамара Тодевска ќе пее во финалето на изборот на песна Евровизија, што годинава се одржува во Тел Авив, Израел.

    Македонската претставничка со песната „Горда“ (Proud) вечерва беше избрана меѓу десетмината најдобри во втората полуфинална вечер. Финалето ќе се одржи в сабота.

    Последен пат имавме претставник во финалето на Евровизија пред седум години, кога настапи Калиопи со песната „Црно и бело“.

    Покрај Тодевска, во финалето вечерва се пласираа уште претставниците на Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта.

    На првото полуфинале, одржано во вторникот, за финале се изборија Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија.

    Директно во финалето одат домаќинот Израел, Германија, Италија, Франција и Шпанија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира