ДЕНЕС Е БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗОТ ВО МАКЕДОНСКИТЕ МУЗЕИ

    ДЕНЕС Е БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗОТ ВО МАКЕДОНСКИТЕ МУЗЕИВо Археолошкиот музеј во тек е изложбата „100 години Требениште“ , на која се изложени и прочуените златни маски кои се наоѓаат во музеите во Бугарија, Србија и Македонија (Фото: К. Попов)

    Со повеќе изложби и бесплатен влез, музеите во Македонија и низ светот денес го одбележуваат Меѓународниот ден на музеите и  Европската ноќ на музеите 2019. Координатор на изложбите е Македонскиот национален комитет при Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ).

    • Во Археолошкиот музеј во тек е ексклузивната изложба „100 години Требениште“ , со над 400 артефакти од некрополата во Требениште, Охрид, заедно со прочуените златни маски кои се наоѓаат во музеите во Бугарија, Србија и Македонија. Музејот ќе биде отворен од 10 до 18 часот.
    • Во Музејот на Северна Македонија во 19:30 часот ќе се отвори изложбата на цртежи и копии-фрески на Владимир Деловски-Џиџи, насловена „Тивкиот Маестро“. На изложбата се поставени цртежи од среден формат, копии на фрески во гипс, како и копии на фрески на платно од голем формат, главниот елемент на ликовната ориентација на уметникот. Музејот денес ќе биде отворен од 9 до 23 часот.
    • – Во објектите на Националната галерија на Северна Македонија, во тек се три изложби: Младинскиот пролетен салон е во Мала станица, во Чифте амам на Африм Спахиу, а во Даут пашин амам на Костадин Танчев-Динка.

    Музејот на Град Скопје ќе работи од 9 до 23 часот (Фото: Фејсбук)

    • Во Музејот на Град Скопје е поставена јубилејната изложба: „Словенските апостоли Св. Кирил и Методиј “ по повод 1150 години од упокојувањето на Св.Кирил, со ставање акцент на музејско едукативно презентирање и едукативна работилница „АЗ БУКИ ВЕДИ“. Музејот на Град Скопје ќе биде отворен од 9 до 23 часот за посетители, а едукативните работилници ќе се одвиваат од 9 до 17 часот.
    • Фондот на Холокауст на Евреите од Македонија, за првпат, организира повеќе настани во Меморијалниот центар на Холокаустот, на темата „Музеите како културни центри: иднината на традицијата“. Во 10 часот ќе има работилница за деца: изработка на глинени предмети со еврејски симболи, под водство на Жаклина Мучева, во 11:30 часот изложба и завршна манифестација на детски цртежи, учесници на традиционалниот конкурс „Холокаустот низ призмата на детските очи“, во 18 часот предавање на Василка Димитровска од ХАЕМУС „Палатите на Евреите во Скопје,“, а во 18:30 часот предавање на Иванка Апостолова „Искуството на Сефардите во Македонија“. В понеделник во 20 часот ќе има проекција на документарниот филм на Роберта Гросман и Нанси Спилберг, „Кој ќе ја напише нашата историја“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира