ОД ПРВИ ЈУНИ МЕДИЦИНСКА ЕКИПА ЌЕ ОДИ СО ПОЖАРНИКАРИТЕ НА ИНТЕРВЕНЦИИ

    ОД ПРВИ ЈУНИ МЕДИЦИНСКА ЕКИПА ЌЕ ОДИ СО ПОЖАРНИКАРИТЕ НА ИНТЕРВЕНЦИИКомандантот Симоновски кажа дека годинава се вработени 19 нови пожарникари и сега Пожарната има вкупно 206 пожарникари. Располага со 46 возила со просечна старост од 29 години.(Фото: Град Скопје)

    Медицинска служба од први јуни заедно со пожарникарите ќе оди на интервенции, најави денеска командантот на скопската Бригада за противпожарна заштита Владимир Симоновски на одбележувањето на 20 мај-Денот на пожарникарите.

    МЕдицинската служба ја сочинуваат високо обучени лица кои ќе даваат прва помош на повредени. Од Бригадата велат дека досега се случувало долго да ја чекаат Брзата помош да дојде на локацијата каде интервенираат и затоа е потреба со пожарникарите да има и ваква екипа.

    Командантот Симоновски кажа дека годинава се вработени 19 нови пожарникари и сега Пожарната има вкупно 206 пожарникари. Располага со 46 возила со просечна старост од 29 години.

    „Годинава најголем и најтежок случај на кој интервениравме беше автобуската несреќа кај Ласкарци. Имавме и голем број шумски пожари, само во првите три месеци 801 пожар, што е многу повеќе за разлика од минатите години“, рече командантот на Пожарната Симоновски.

    Градоначалникот Петре Шилегов најави дека годинава ќе бидат купени 4 нови возила и скала, а во Бригадата ќе има и 50 нови вработувања.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира