Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на вечерашниот Централен одбор побарал оставка од сите шест потпретседатели на партијата: Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Фросина Ташевска-Ременски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и Благој Бочварски.
Оставка е побарана и од генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК членови на ЦО на СДСМ, а на негово место доаѓа министерот за земјоделие Љупчо Николовски.
Вечерва не се предложени нови потпретседатели. Нив Заев ќе ги предложи во јуни, ни рекоа во СДСМ.
Министри вечерва нема да се реконструираат неофицијално дознаваме од партиски извори.
С. К. ДЕЛЕВСКА