ЗАЕДНО ДОНЕСОВМЕ КЛУЧНИ ЗАКОНИ, КАЖАА ПРАТЕНИЦИТЕ И НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ НА ФОРУМ ВО СОБРАНИЕТО

    ЗАЕДНО ДОНЕСОВМЕ КЛУЧНИ ЗАКОНИ, КАЖАА ПРАТЕНИЦИТЕ И НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ НА ФОРУМ ВО СОБРАНИЕТОГраѓанските здруженија кажаа дека во изминативе две години зголемена е соработката со пратениците при носењето на законите, посочувајќи го примерот со Законот за заштита и спречување на дискриминација.(Фото: СДК.МК)

    Не можеме да зборуваме за демократија без вклучување на невладините организации во подготовка на законските решенија, кажаа денес пратеници и граѓанските организации во рамките на Националниот форум за соработка меѓу Собранието и невладините организации организиран од „Цивика Мобилитас“. На форумот учествуваа претседателот на Собранието Талат Џафери, пратеници од сите пратенички групи во Собранието, граѓански здруженија и невладини организации.

    Граѓанските здруженија кажаа дека во изминативе две години големена е соработката со пратениците при носењето на законите, посочувајќи го примерот со Законот за заштита и спречување на дискриминација.

    „После долго време, можам да застанам во некоја институција и да споделам позитивни искуства. Ова не беше случај пред неколку години. Во 2010 година кога бев дел од организацијата за унапредување на сексуалните и здравствените права, во ова Собрание не можевме да го користиме зборот сексуални, па нашата организација на средбите кои беа овозможени благодарение на пратеничката Лиле Поповска беше заведена само како организација за унапредување на здравствените права. Во изминатиов период  преку Интерпартиската група во Собранието работевме за унапредување на правата на ЛГБТ заедницата, по што беше донесен Законот за заштита и спречување на дискриминација“, кажа Ирена Цветковиќ од невладината организација „Маргини“.

    Пратениците од власта и опозицијата рекоа дека невладиниот и граѓанскиот сектор треба да биде партнер во креирање на законите во Собранието. Како примери за соработка со невладиниот сектор ги посочија формирањето на Антикорупциската комисија, Законот за прекин на бременоста, Законот за книговодство и други.

    „Граѓанските организации се дел од политиката. Гласот на граѓаните произлегува од таму, така што тие не можат да се исклучат. Само со граѓанскиот сектор можеме да постигнеме ефективен надзор врз извршната власт и да креираме добри политика“, рече пратеничката Ивана Туфегџиќ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира