АРГУМЕНТИТЕ НА ЕКСПЕРТСКИТЕ КОМИСИИ ДА БИДАТ НАУЧНИ, А НЕ ТОЛКУ ПОЛИТИЧКИ, РЕЧЕ БУГАРСКИОТ МИНИСТЕР В’ЛЧЕВ ВО БИТОЛА

    АРГУМЕНТИТЕ НА ЕКСПЕРТСКИТЕ КОМИСИИ ДА БИДАТ НАУЧНИ, А НЕ ТОЛКУ ПОЛИТИЧКИ, РЕЧЕ БУГАРСКИОТ МИНИСТЕР В’ЛЧЕВ ВО БИТОЛАБугарскиот министер за образование Красимир В'лчев со градоначалничката Наташа Петровска при денешната работна посета на Општина Битола (Фото: СДК.МК)

    Можно е да има резултат уште следниот месец на заседанието на експертската Комисијата што работи на отворените прашања по Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија, но, аргументите треба да бидат научни и историски, а не толку политички, изјави бугарскиот министер за образование Красимир В’лчев при денешната работна посета на Општина Битола.

    „Инаку, политиката и на двете страни е да имаме добрососедски односи и ја насочуваме европската интеграција на Северната Македонија, но клучно прашање е и работата на таа комисија“, рече министерот.

    Тој заедно со градоначалничката на Битола Наташа Петровска, разговараа за заеднички проекти од полето на образованието. В’лчев рече дека во последните години има околу 700 македонски студенти во Бугарија.

    „Во последно време имаме еден постојан број на македонски студенти, околу 700 на сите години на факултетите во Бугарија. Ние треба да имаме универитетски мрежи, односно повеќе факултети да имаат исти програми, размена на професори и студенти, па студентите и кај нас и тука да имаат европски програми. Таа можност е нашите факултети да станат повеќе од локални и национални, да станат регионални и европски“, рече В’лчев.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира