ВЛАДАТА ГО УТВРДИ ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ОХРИДСКИОТ РЕГИОН, СЕ ПРЕДВИДУВА МОРАТОРИУМ ЗА ГРАДБА И ПРЕКИН НА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ

    ВЛАДАТА ГО УТВРДИ ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ОХРИДСКИОТ РЕГИОН, СЕ ПРЕДВИДУВА МОРАТОРИУМ ЗА ГРАДБА И ПРЕКИН НА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИУНЕСКО препорачува да се направи проценка на нелегалните градби и да се утврди нивното влијание на заштитеното подрачје и потоа да се срушат сите кои претставуваат опасност за подрачјето. - Нелегалниот хотел во Лагадин (Фото: СДК.МК)

    Владата го утврди Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и донесе одлука тој да биде доставен на усвојување во Собранието, на денешната редовна 137. седница.

    Од Владата велат дека во предлог-законот се имплементирани обврските од УНЕСКО и согласно предлог-законот, Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион ќе се донесе најдоцна во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон, а до донесување на Планот времено се прекинуваат постапките за издавање одобрение за градење и постапките за вклопување на бесправно изградени објекти и времено се прекинуваат постапките за изработување и донесување на урбанистички планови, урбанистичко-плански и урбанистичко-проектни документации, како и постапувањето по донесените урбанистички планови, урбанистичко-плански и урбанистичко-проектни документации. Овие активности ќе продолжат по донесувањето на Планот за управување со природното и културното наследство, додаваат од Владата.

    „Во Предлогот на законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион се имплементирани обврските што произлегуваат од Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на Организацијата на обединетите нации за образование, наука и култура, и се создаваат формално-правни предуслови, преку интегрирано управување со природното и културното наследство, да се спречат активности кои негативно влијаат врз исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство во Охридскиот регион, како и да се преземат мерки за негово активно вклучување во животот на заедницата како фактор на одржливиот развој“, велат од Владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира