ЗА ПОПИСОТ ВО 2020 ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ЛАПТОПИ МЕСТО ХАРТИЕНИ ОБРАСЦИ, СПОРЕД ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ШТО ГО УСВОИ ВЛАДАТА

    ЗА ПОПИСОТ ВО 2020 ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ЛАПТОПИ МЕСТО ХАРТИЕНИ ОБРАСЦИ, СПОРЕД ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ШТО ГО УСВОИ ВЛАДАТАПописот треба да се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2020 година. - Од денешната 137. седница на Владата (Фото: Влада на РСМ)

    Владата денеска го утврди текстот на Предлог-закон за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија за 2020 година. Од Владата велат дека новина во овој Попис е користењето на лаптопи наместо хартиени обрасци, што треба да го забрза процесот на обработка и објавување на прибраните податоци.

    „Во предлог-текстот на Законот се утврдени методолошките основи на претстојниот Попис, како и организациско-техничките специфики на оваа најголема статистичка операција. Имено, овој Попис ќе се спроведе со т.н. комбиниран метод, односно користење на податоци од претпописната база на податоци и прибирање на податоци од терен, т.е. лично попишување на сите единици на Пописот“, соопшти Владата.

    Според предвидениот акциски план, пописот треба да се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2020 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира