ПОРАНЕШНИ СТУДЕНТИ СОБРАА НАД 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ

    ПОРАНЕШНИ СТУДЕНТИ СОБРАА НАД 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА  ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТДонаторската беше организирана по примерот на светските универзитети каде алумни заедницата е голем и силен поддржувач на активностите на младите генерации (Фото: Правен факултет)

    Над два милиони денари беа собрани на првата донаторска забава на алумни заедницата и заедницата на пријатели на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, која се одржа вчера, соопштија од факултетот.

    Донаторската забава беше наменета за собирање средства за унапредување на факултетските простори наменети за студентите како читалната, амфитеатрите, предавалните.

    Претседателката на Надзорниот одбор на „Еуролинк осигурување“ Олга Костовска меѓу донаторите (Фото: Правен факултет)

    Повеќе од стотина поранешни студенти на Факултетот и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, сега носители на високи политички функции, адвокати, нотари и извршители, менаџери во деловниот сектор, како и претседателот Стево Пендаровски, се собраа на забавата за да се потстетат на студентските денови и да ги поддржат активностите на факултетот за унапредување на условите за студирање.

    Забавата беше организирана по примерот на светските универзитети каде алумни заедницата е голем и силен поддржувач на активностите на младите генерации.

    Меѓу гостите беа и претседателот Стево Пендаровски и екс-премиерот Владо Бучковски, кој е и професор на Правниот факултет (Фото: Правен факултет)

    Во насока на транспарентност и отчетност во користењето на средствата ќе се формира донаторски одбор во кој што ќе членуваат најголемите донатори, како што се: „Еуролинк осигурување“ кои донираа  900.000 денари, Олга Костовска, претседателка на Надзорниот одбор на „Еуролинк осигурување“ која лично донираше 300.000 денари, Ангелка Пеева-Лауренчиќ, директорка на „Имиџ пр“ која донираше 100.000 денари, Адвокатско друштво „Поленак“ кое донираше 90.000 денари и „СИГГМА“ од Прилеп кое донираше 80 илјади  денари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира