Не влегов во политиката, како што би рекле струмичани „ај глеј си го раатот”, не влегов за да си го гледам раатот, рече премиерот Зоран Заев, во обраќање на форумот по повод две години од неговата влада.
Тој кажа дека го решиле тридеценискиот спор со Грција и Бугарија и дека македонскиoд јазик и македонскиот идентитет веќе никој не ги спори.
„Избравме иднина, а не изолација. Презедовме одговорност и досега добивме најпозитивен извештај од ЕУ. Утре почнува дводневниот состанок на НАТО, и нам ни припадна честа и привилегијата тука да држат состанок. Веќе 13 земји членки го ратификуваа нашето претпристапни преговори. Голема е разликата каде бевме пред 2 години, а каде сме сега”, рече Заев.
Тој потсети дека го спровеле пакетот законот за Охридскиот договор, пакет закони за судството, пакетот социјални закони за искоренување на сиромаштијата, подобрување на состојбата на децата и старите лица, намалување на невработеноста, изградба на достапен и интегриран здравствен систем достапен за сите, подобрување на состојбата со слобода за медиумите.
„Градиме едно општество за сите, држава со извесна европска иднина. Верувам дека ќе добиеме датум за преговори. Време е ЕУ да ја исполни својата задача пред европјаните. Европјаните од Северна Македонија очекуваат јасен потег од ЕУ”, рече Заев.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска најави дека за две недели суперсоничен НАТО авион ќе прелета над земјава за да ја поздрави својата најнова членка.
Е. БОЧВАРОСКА