МЕСТО ВАНГЕЛОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СУДСКИ СОВЕТ ЗДРАВЕВ СТАВИ ДРУГИ ТРОЈЦА СУДИИ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ, ПРИЈАВЕНИ ОД ВАНГЕЛОВСКИ

    МЕСТО ВАНГЕЛОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СУДСКИ СОВЕТ ЗДРАВЕВ СТАВИ ДРУГИ ТРОЈЦА СУДИИ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ, ПРИЈАВЕНИ ОД ВАНГЕЛОВСКИПретседателот на Судски совет Киро Здравев на денешната седница на советот. (Фото: К. Попов)

    Ни новиот претседател на Судскиот совет Киро Здравев, колега на претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, нема намера брзо да ги стави на дневен ред него и уште двајца врховни судии како предлог за разрешување затоа што го ослободија од притвор избеганиот Сеад Кочан во 2017 година. Извештајот на комисијата за овие тројца судии е готов, неофицијално има и предлог за нивно разрешување, за кое што денеска се очекуваше да гласаат членовите на Судскиот совет.

    Но, место да се реши овој случај, кој се влече две години, денеска на дневен ред Здравев стави тројца други судии, од кои двајца се врховни и токму Вангеловски им поднел иницијативи за разрешување.

    Здравев денеска на прашање дали конечно ќе се расправа и ќе се гласа за иницијативата против претседателот на Врховниот суд, рече:

    „Тие постапки се во фаза на расправа, а некаде сум информиран дека е потребно да се изработи и извештај од комисиите врз основа на претходно спроведената расправа“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира