ДИРЕКТОРКАТА НА „ЛАЈКА“ ПЕТРУШЕВСКА ДОЈДЕ НА СЕДНИЦА ВО ГРАД СКОПЈЕ СО КУЧЕ И ПОБАРА ОД СОВЕТНИЦИТЕ ДА ГО ВДОМАТ

    ДИРЕКТОРКАТА НА „ЛАЈКА“ ПЕТРУШЕВСКА ДОЈДЕ НА СЕДНИЦА ВО ГРАД СКОПЈЕ СО КУЧЕ И ПОБАРА ОД СОВЕТНИЦИТЕ ДА ГО ВДОМАТ„Денеска решив со Двојка да дојдам на седница за да ги срушиме табуата. Двојка пред неколку недели беше оставена во стационарот. Се надевам некој од присутните во Советот ќе ја вдоми“, вели Петрушевска.(Фото: СДК.МК)

    Директорката на Јавното претпријатие за третман на улични кучиња „Лајка“ Тина Петрушевска на денешната седница на Советот на Град Скопје во салата влезе во куче од стационарот „Вардариште“. Таа побара од советниците да го вдомат кучето и со тоа да дадат пример и до останатите граѓани да згрижуваат улични кучиња.

    „Денеска решив со Двојка да дојдам на седница за да ги срушиме табуата. Двојка пред неколку недели беше оставена во стационарот, според раните на телото претпоставуваме дека ја користеле во борби за кучиња. Прегледана е од ветеринар, направени се сите тестови и нема никакви заразни болести. Се надевам некој од присутните во Советот ќе ја посвои“, вели Петрушевска.

    Во стационарот во моментов покрај Двојка има уште едно куче за вдомување.

    Град Скопје на денешната седница одобри 5 милиони денари субвенции за ЈП „Лајка“

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира