ОПШТИНА ЦЕНТАР ПРОДОЛЖУВА СО УРИВАЊЕ ДИВИ ТЕРАСИ НА КАФУЛИЊА НА ЛЕНИНОВА

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ПРОДОЛЖУВА СО УРИВАЊЕ ДИВИ ТЕРАСИ НА КАФУЛИЊА НА ЛЕНИНОВАНа улицата Ленинова има неколку нелегални тераси и како што велат од Општината една по една ќе се уриваат.(Фото: СДК.МК)

    Општина Центар денеска продолжи со акцијата за уривање на дивите тераси на кафулињата. Работници ангажирани од Општината во присуство на полиција, почнаа да ги отстрануваат терасите на улицата Ленинова. Иако вчера имало најава дека сопствениците сами ќе ги урнат нелегалните градби, тоа не го сториле сите, па затоа интервенира Општината. Сопствениците на едно кафуле утрово почнале сами ги отстрануваат тендите.

    На улицата Ленинова има неколку нелегални тераси и како што велат од Општината една по една ќе се уриваат.

    „Сопствениците на локалите отстапуваат од Правилникот за поставување на летни тераси. Дел од нив немаат одобрение за поставување на летна тераса, а дел имаат дозвола за одреден простор на пример икс метри јавна површина а зафаќаат двојно или тројно повеќе“, велат од Општина Центар.

    Општината има издадено решенија за уривање на 16 летни тераси на кафулиња. Акцијата почна вчера со уривање на терасата на новото кафуле на Боемска улица.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира