КАФЕАНЏИИТЕ НА ЛЕНИНОВА САМИ ПОЧНАА ДА ГИ УРИВААТ ДИВИТЕ ТЕРАСИ, ОТКАКО ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОЧНА СО АКЦИЈА

    КАФЕАНЏИИТЕ НА ЛЕНИНОВА САМИ ПОЧНАА ДА ГИ УРИВААТ ДИВИТЕ ТЕРАСИ, ОТКАКО ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОЧНА СО АКЦИЈАРешенија за уривање имаме издадено на 16 кафулиња на територијата на Општина Центар. (Фото: СДК.МК)

    Денеска почнаа да се уриваат дивите тераси на кафулињата и на улицата Ленинова. Од Општина Центар најавија дека откако утрово почнаа со акцијата за отстранување на нелегалните летни тераси, сопствениците на угостителските објекти почнале сами да уриваат.

    „Решенија за уривање имаме издадено на 16 кафулиња на територијата на Општина Центар. Сите тие имаа рок сами да ги отстранат градбите со кои се зафаќа јавна површина, а немаат дозвола за тоа“, велат од Општина Центар.

    Утрово работници ангажирани од Општината почнаа со уривање на дивата терасата на новото кафуле на Боемска улица, кое се протега со самата улица Орце Николов.  Има решение за уривање затоа што нема дозвола за поставување тврда градба од општината и не може да го оградат цел простор затоа што со ДУП-от се предвидени паркинг места на просторот.

    Сите објекти кои ќе се уриваат имаат отстапување од Правилникот за летни тераси. Најчесто имаа одобрение за на пример икс метри летна тераса, а зафаќаат двојно или тројно повеќе, притоа узурпираат јавен простор.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира