Дваесет и едногодишна Етиопјанка беше снимена како полага испити од болнички кревет само половина час откако се породила.
Алмаз Дересе се надевала дека ќе полага пред да биде примена во болница, но нејзиното средно училиште ги одложило испитите поради муслиманскиот празник Рамазан Бајрам. Таа се породила во понеделникот, набргу пред да почне првиот испит.
Таа вели дека не ѝ било проблем да учи за време на бременоста, зашто не ѝ се чекало до следната година да дипломира. Алмаз полагала три испити во болницата, а останатите ќе ги полага во училиштето во наредните денови.
„Бидејќи се брзав да полагам, породувањето воопшто не ми беше тешко“, изјави Дересе, додавајќи дека бебето е добро.
Таа сега планира да земе двегодишен курс, со цел да се подготви за упис на факултет.