ПОЧИНА АРХИТЕКТОТ ЈОВАН СТЕФАНОВСКИ-ЖАН, АВТОР НА МНТ И МИЛЕНИУМСКИОТ КРСТ

    ПОЧИНА АРХИТЕКТОТ ЈОВАН СТЕФАНОВСКИ-ЖАН, АВТОР НА МНТ И МИЛЕНИУМСКИОТ КРСТСтефановски-Жан беше автор на повеќе објекти во Македонија и во странство, а негови најпознати дела се зградата МНТкоја беше отворена во 2013 и Милениумскиот крст на Водно

    Архитектот Јован Стефановски-Жан почина во Скопје на 71 година. Стефановски беше автор на повеќе објекти во Македонија и во странство, а негови најпознати дела се зградата нa Македонскиот народен театар (МНТ), која беше отворена во 2013 и Милениумскиот крст на Водно.

    Негови позначајни реализации се : Банката во Пробиштип (1986), Домот на занаетчиите во Старата чаршија во Скопје (1990), Деловниот дистрибутивен центар „Машинопромет“ во Скопје (1990), фабричкиот комплекс „Иноспектар“ во Скопје (1998).

    Стефановски е роден во Скопје 1948, а во 1973 дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје (1973).

    Во својот работен век се занимава со архитектонско проектирање. Реализирал повеќе објекти од општествен, трговски и угостителски карактер. Посебно внимание посветил на станбената архитектура.
    Работеше во повеќе проектантски бироа и во сопствено проектантско студио „Еуроарт“ во Скопје. Се занимаваше и со публицистика. Објави преку 60 написи посветени на архитектурата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира