40 ГОДИНИ „ПЕПСИ“ ВО МАКЕДОНИЈА – „ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ГО ДОБИЛА ГОЛЕМИОТ СВЕТСКИ БРЕНД ПО ЕДЕН ТЕЛЕФОНСКИ ПОВИК

    40 ГОДИНИ „ПЕПСИ“ ВО МАКЕДОНИЈА – „ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ГО ДОБИЛА ГОЛЕМИОТ СВЕТСКИ БРЕНД ПО ЕДЕН ТЕЛЕФОНСКИ ПОВИКНајзаслужен за доаѓањето на „пепси“ во Македонија е тогашниот претседателот на Управниот одбор на „Прилепска пиварница“, Кирил Самарџиоски

    Брендот „Пепси“ е роден во 1898 година, многу пред Бијонсе, Бекам, Меси и останатите да го пијат со сласт на малите екрани. Производ на Кејлеб Брадам, пијалакот е омилен во светот повеќе од еден век.

    Во Македонија е дојден малку подоцна, во 1979, верувале или не, поради еден телефонски разговор. Во мемоарите на претседателот на Управниот одбор на „Прилепска пиварница“, Кирил Самарџиоски, запишана е ситуација од мај 1978, кога стигнал телефонски повик во неговата канцеларија: „Господине Самарџиоски, дали би биле љубезни да нѐ примите мене и уште еден човек на состанок?“

    По неколку дена во Прилеп дошле Ричард Хајнрих, шеф на бирото на „ПепсиКо“ за Југоисточна Европа во Виена, и Антун Халожан, менаџер на „ПепсиКо“ за Југославија. Првите разговори за доаѓањето на големиот светски бренд во Македонија се правени во прилепски ресторан, кадешто високите преставници од „ПепсиКо“ првпат во својот живот пробале прилепски ширден.

    Договорот за лиценца беше потпишан на 19 април 1979 во Прилеп од Самарџиоски и потпретседателот на „ПепсиКо“, Херберт Лај

    Очигледно, им се допаднале, и разговорот и специјалитетот, бидејќи неколку месеци подоцна во луксузниот хотел „Интерконтинентал“ во Загреб е остварена нова средба, овојпат со потпретседателот на целата компанија „ПепсиКо“, Херберт Лај, за на 19 април 1979 во Прилеп и официјално да биде потпишан договорот за лиценца, со кој „Прилепска пиварница“ го доби ексклузивното право за производство и полнење на пијалаците на „ПепсиКо“ групацијата.

    Во неверојатниот сплет на околности, веројатно има и голема доза на среќа, посебно поради тоа што години подоцна, откако станале и добри пријатели, Халожан му открил на Самарџиоски дека судбоносниот повик од мај 1978 дошол по неколку неуспешни обиди да се најде партнер на „ПепсиКо“ во Македонија. Американците се сретнале со повеќе други производители на пиво и пијалаци, но ниту еден не ги исполнил нивните очекувања и критериуми.

    „Прилепска пиварница“ ја слави 40-годишнината на „Пепси“ во Македонија со десетици високи признанија од „ПепсиКо“ групацијата: бронзени, сребрени и златни награди за квалитет, како и највисокото признание Chairman’s Circle of Champions за врвни перформанси во работењето. Награда која е толку ретка, што „Прилепска пиварница“ беше единствената фабрика во Европа која ја доби таа година.

    По 40 години и повеќе од 50 милиони долари инвестирани во Македонија за маркетинг и производство од „Прилепска пиварница“ и „ПепсиКо“, брендот „Пепси“ продолжува да биде исклучително силен чинител во македонската економија. Во тек е и наградна игра за прослава на јубилејот, во која секој ден од овој месец еден купувач на „пепси“ добива по 40.000 денари, а на 1 јули сите недобитни учесници ќе учествуваат во извлекувањето на големата награда од 400.000 денари.

    Високи претставници на „ПепсиКо“ и „Прилепска пиварница“ ќе се состанат на 18 јуни за прослава на овие 40 години соработка и за здравица за уште многу децении понатаму.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира