ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО НЕ ГО ПРИФАТИ БАРАЊЕТО НА ПРИВАТНИТЕ ДОКТОРИ КАЗНИТЕ ДА БИДАТ НА ПРОСЕЧНА ПЛАТА, А НЕ НА КАПИТАЦИЈА

    ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО НЕ ГО ПРИФАТИ БАРАЊЕТО НА ПРИВАТНИТЕ ДОКТОРИ КАЗНИТЕ ДА БИДАТ НА ПРОСЕЧНА ПЛАТА, А НЕ НА КАПИТАЦИЈАИмаме казна која е драконска, а која не постои за јавното здравство, вели претседателката на Здружението на приватни лекари д-р Лили Чолакова-Дервишова (Фото: СДК.МК)

    Приватните лекари реагираат на казните кои ги изрекува Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) оти се на цела капитација, наспроти нивните барања да се на просечна плата, како што е во јавното здравство. Ова барање ФЗО не го прифати, кажа денеска на прес-конференција д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари.

    „За средбите со претставниците со ФЗО околу казнената политика, казните да бидат на просечна плата, предлогот од Здружението на приватни лекари не беше прифатен. Останува казната да биде на цела капитација. Имаме казна која е драконска и која лошо влијае врз нашиот меѓусебен однос доктори – Фонд, како партнери. Вакви казни нема во јавното секундарно и терцијарно здравство, само во примарното, иако според Уставот сме исти. Дали ова се препораките на Светска здравствена организација, со која преговараме една година? Бараме да видиме што таа препорача, а што досега е прифатено. Тие зборуваат за здружување, наградување, а не за казни“, кажа д-р Чолакова-Дервишова.

    Таа во името на 1.500 доктори побара казните во примарното здравство да бидат на просечна плата, како што е во јавното. Апелираше во името на сите матични доктори ФЗО за размисли за казнената политика, бидејќи со толкава казна на цела капитација, докторот нема да може да земе плата и да плати здравствено и пензиско осигурување.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира