САД сметаат дека Северна Македонија заслужува датум за отворање преговори за членство во Европската унија, кажа в.д. амбасадорот на САД во Скопје Микаела Швајцер-Блум, откако на вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Луксембург беше одлучено во октомври да се навратат на прашањето за отворање преговори.
„Американската влада силно верува дека Северна Македонија заслужува датум за отворање пристапни преговори во најбрз можен рок. Ние сме охрабрени што Европската унија ќе донесе одлука за отворањето преговори со Северна Македонија оваа година“, изјави в.д. амбасадорот на САД во Скопје Микаела Швајцер-Блум за МРТВ.