Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе се обиде денеска повторно да го донесе на распит во Скопје битолскиот градоначалник Владимир Талески, обвинет во случајот „Транспортер“, откако вчера битолската полиција не го донела во Скопје.
Тој вчера требало да се појави на распит во Основниот суд Скопје 1, ама дописот од судот во Скопје до битолската полиција не бил стигнат иако бил испратен уште во петокот минатата недела и по пошта, но и по електронска пошта.
„Се надеваме дека во среда наредбата од судијката ќе стигне до полицијата и дека градоначалникот ќе биде спроведен од својот дом во Битола, каде издржува куќен притвор“, велат од СЈО.
Од СЈО побарале објаснување и од битолската полиција, но оттаму рекле дека досега не добиле наредба од судот. Рекоа и дека прават ургенции кај скопската судијка да ја притисне полицијата да го обезбеди осомничениот за распит.
Куќниот притвор на Талевски му истекува на 21 јули.
Градоначалникот на Битола и 22 лица се осомничени за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра.