НОВИОТ ПАРК ИБНИ ПАЈКО ОДМА СТАНА ПАРКИНГ

    НОВИОТ ПАРК ИБНИ ПАЈКО ОДМА СТАНА ПАРКИНГДенеска на пешачката патека во паркот имаше паркирано 4 коли. Додека стигнаа пајаците и полицијата, сопствениците на три возила веднаш заминаа, па пајакот подигна само една кола.(Фото: К.Попв)

    Коли и понатаму се паркираат во новиот парк Ибни Пајко зад зградата над Филхармонија. Денеска на пешачката патека во паркот имаше паркирано 4 коли. Колите стоеја на улицата цело утро, а пајаци дојдоа откако градоначалникот Петре Шилегов дојде во Филхармонијата на прес-конференција и ги повика да интервенираат. Додека стигнаа пајаците и полицијата, сопствениците на три возила веднаш заминаа, па пајакот подигна само една кола.

    „Има поставено рампа на влезот од паркот. Не може целосно да се затвори со столпчиња оти мора да има пристап за дотур на роба и друга опрема за Филхармонијата. Апелираме до граѓаните да не го уништуваат паркот и да не паркираат во него“, велат од Град Скопје.

    Град Скопје на 10 јуни го отвори новиот парк Ибни Пајко. Паркот е со површина од околу 11.000 квадратни метри, со 7. 500 метри квадратни трева со прскалки и системи за наводнување кои работат на принципот „капка по капка“. При уредувањето на овој запуштен простор се зачувани затекнатите 12 дрвја кои постоеја на оваа локација, а засадени се нови 85 дрвја. Покрај подигнатото зеленило, во паркот се изградени и пешачки патеки, сервисна улица збогатена со улична уметност, а на ѕидот на Средното музичко училиште нацртан е мурал.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира