САД ОДОБРИ ИНЈЕКЦИЈА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СЕКСУАЛНАТА ЖЕЛБА НА ЖЕНИТЕ

    САД ОДОБРИ ИНЈЕКЦИЈА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СЕКСУАЛНАТА ЖЕЛБА НА ЖЕНИТЕОдборот го одобри лекот „вилиси“( Vyleesi ) за жените кои се во предменопауза, а кај кои има вознемиреност и стрес поради постојано губење на желба за секс (Фото: АП)

    Жените во САД наскоро ќе имаат нова опција за да ја подигнат сексуалната желба: инјекција која ќе можат самите да си ја стават во бутот или во стомакот, која ќе го подигне либидото за неколку часа.

    Инјекцијата, која во петокот беше одобрена од Одборот за храна и лекови (ФДА), е втор лек по ред кој е одобрен за зголемување на сексуалната желба кај жените, откако фармацевтите постигнаа светски успех со „вијаграта“ за мажи во доцните 1990. Првиот лек е пилула „адји“која се зема еднаш на ден, а која беше одобрена во 2015.

    „Добрата страна на новиот лек е дека може да се користи само кога ви треба. Негативната страна е што е инјекција, а луѓето знаат да бидат плашливи за игли“ вели д-р Џулија Џонсон, специјалист за репродуктивно здравје во Медицинскиот центар Мемориал ЈуМасс.

    Одборот го одобри лекот „вилиси“( Vyleesi ) за жените кои се во предменопауза, а кој кои има вознемиреност и стрес поради постојано губење на желба за секс. Најчестиот негативен ефект на лекот при истражувањата на компанијата беше гадење. Одобрението беше базирано на одговорите на жените од прашалниците дека им се зголемила сексуалната желба и дека им се намалил стресот поради секс. Жените не одговорија дали имале почесто секс, што е првичната цел на лекот.

    „Жените не сакааат повеќе секс, туку – подобар секс“, вели д-р Џули Корп, шефица во фармацевстката компанија „Амаг“, кои се производители на лекот на „вилиси“, како и на „адји“.

    Негативни ефекти од лекот се потење, реакции на местото на убодот и главоболка, и не се препорачува за жени со висок крвен притисок и срцеви заболувања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира