НИЕ СМЕ НАЈГОЛЕМИ ПОДДРЖУВАЧИ НА ВАШАТА ЗЕМЈА, ГРУЕВСКИ НЕМА ВРСКА СО НАШАТА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА, РЕЧЕ УНГАРСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ СИЈАРТО

    НИЕ СМЕ НАЈГОЛЕМИ ПОДДРЖУВАЧИ НА ВАШАТА ЗЕМЈА, ГРУЕВСКИ НЕМА ВРСКА СО НАШАТА НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА, РЕЧЕ УНГАРСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ СИЈАРТОУнгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто вели дека одложувањето на почеток на преговорите е голема загуба за ЕУ и во спротивност со интересите на самата Унија. - Сијарто на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи (Фото: Ѓ. Личовски)

    Азилот на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија според унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кој е во Скопје, е правно прашање и нема никаква врска со надворешната политика на Унгарија.

    „Неговото присуство во Унгарија го гледам како правно прашање и тоа нема никаква врска со надворешната политика на Унгарија. Верувајте, ние сме едни од најголемите поддржувачи на вашата земја како јавно, така и зад затворени врати и тоа ќе продолжи и понатаму“, рече Сијарто, одговарајќи на новинарско прашање за азилот на експремиерот Никола Груевски, кој е правосилно осуден на двегодишна затворска казна.

    Сијарто рече дека одложувањето на почеток на преговорите е голема загуба за ЕУ и во спротивност со интересите на самата Унија. Според него, аргументот за недостиг на време е смешен. Тој рече дека за Унгарија процесот на проширување е еден од најважните и верува дека за ЕУ е вистински интерес проширувањето кон Западен Балкан.

    „Вие сте земја кандидат четиринаесет години и тоа е доволно време. Веруваме дека проширувањето на ЕУ е во вистински интерес на самата Унија и затоа сметаме дека одлуката за одложување на почетокот на преговорите е голема загуба за ЕУ и во спротивност на интересите на Унгарија. Ние сме соседна држава на овој регион и затоа сме сензитивни на значењето и потребата за евроинтеграција“, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

    Тој рече дека Унгарија ќе продолжи со поддршка на земјата за успешна евроинтеграција и за стабилност на границата, каде веќе има заеднички сили.

    „Ние сме за итен почеток на пристапни преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ. Ние сме соседна земја на овој регион и сме многу осетливи по ова прашање и го знаеме значењето за проширување, а ЕУ во овој регион и ја знаеме разликата меѓу стабилна и нестабилна состојба во овој регион“, рече Сијарто.

    Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи рече дека средбата е посветена на евроинтеграциските работи на која ќе се разговара извештајот ЕК.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира