УНГАРИЈА Е 19. ДРЖАВА КОЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ПРОТОКОЛОТ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО

    УНГАРИЈА Е 19. ДРЖАВА КОЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ПРОТОКОЛОТ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТОНа седницата на унгарскиот парламент присуствуваше и Талат Џафери (Фото: Собрание)

    Унгарија е последната држава која го ратификуваше Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.

    На седницата на којашто присуствуваше и претседателот на Собранието Талат Џафери, сите 153 пратеници во унгарскиот парламент се изјасниле „за“.

    Унгарија е 19. од 29-те членки на НАТО која го ратификуваше Протоколот, откако тој беше потпишан на 6 февруари во Брисел.

    Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека се надева дека процесот на ратификација во националните парламенти ќе заврши до декември, за на следниот самит Македонија да стане полноправна членка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира