Најблиската соработничка на Меланија Трамп, Стефани Гришам, ќе биде новата портпаролка и директорка на комуникации на Белата куќа, објави првата дама на САД на Твитер.
Гришам, која досега ги извршуваше овие функции за Меланија Трамп, доаѓа на местото на Сара Сандерс, која неодамна поднесе оставка.
„Не можам да замислам подобра личност која ќе им служи на оваа администрација и на нашата земја“, изјави госпоѓа Трамп.
Нејзиниот сопруг Доналд ја опиша Гришам како „фантастична“.
„Стефани беше со мене од самиот почеток. Многу луѓе ја сакаа оваа работа, навистина многу. Многу луѓе ми кажаа дека Стефани е најдобра за оваа работа и еве ја. Таа е одлична со медиумите“, кажа Трамп.
Четириесет и двегодишната Гришам работи за семејството Трамп од 2015.