Ако во иднина потпишете каков било документ како министер за финансии, а притоа таму си има заменик-министер Ширете Елези што го заменува министерот за финансии, вие Зоран Заев го кршите Законот за органите на државната управа, му кажа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на премиерот Зоран Заев.
„Точно е дека во светот има примери на премиер и министер истовремено. Ама само еден е и премиер и министер за финансии. Тоа е премиерот на Белизе“, забележа Милошоски.
„За Белизе не знам од кај ви е познато, ама изгледа знаете вие“, му кажа Заев на Милошоски. Повтори дека Законот за Влада го дозволува и го обврзува него на тоа да обезбеди целосна ефикасност на Владата.
Заев беше предлог за министер за финансии на денешната собраниската седница, но на почетокот на седница кажа дека го повлекува предлогот и дека ќе го води министерството до избор на нов министер за финансии.
Белизе е дестинација која што се прослави како даночен рај за македонски фирми регистрирани таму кои беа вклучени во проектите на владата на Никола Груевски, а некои од нив се под истрага во случаите на СЈО.
С. К. ДЕЛЕВСКА