Судот во Будимпешта денеска го одби барањето за екстрадиција од македонските власти за азилантот Никола Груевски со образложение дека неговиот статус на бегалец е пречка за негово враќање во Македонија сега и во иднина, пренесе унгарскиот весник „ХВГ“.
Како што кажала судијката Ева Варежи по денешното рочиште, според унгарскиот закон, лице на кое му бил одобрен статус на бегалец не може да биде екстрадирано во земјата од која што избегало.
- ВИДЕО – ГРУЕВСКИ СО ЛИСИЦИ ВО СУДОТ ВО БУДИМПЕШТА НА РОЧИШТЕ ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА
- СУДОТ ВО БУДИМПЕШТА ГО ОДБИ БАРАЊЕТО ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ГРУЕВСКИ
Унгарската канцеларија за имиграција и азил првично му одобри статус на бегалец на Груевски на 20 ноември 2018, а на 5 април 2019 ја потврди одлуката, која е конечна.
Македонските власти бараат екстрадиција за Груевски за правосилната двегодишна затворска казна за предметот на СЈО „Тенк“, но и за истрагата за организација и нарачка на нападот во Собранието на 27 април 2017.