ВИДЕО – ГРУЕВСКИ СО ЛИСИЦИ ВО СУДОТ ВО БУДИМПЕШТА НА РОЧИШТЕ ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА

    ВИДЕО – ГРУЕВСКИ СО ЛИСИЦИ ВО СУДОТ ВО БУДИМПЕШТА НА РОЧИШТЕ ЗА ЕКСТРАДИЦИЈАПоранешниот премиер дојде во судницата со палто врз рацете за да ги скрие лисиците, а носеше темни очила и безбол капче, кои не ги извади ниту кога почна рочиштето. (Фото: ХВГ.ХУ)

    Азилантот Никола Груевски утринава е во судот во Будимпешта на рочиште за барањето за екстрадиција од македонските власти, објави унгарскиот весник „ХВГ“. Поранешниот премиер дојде во судницата со палто врз рацете за да ги скрие лисиците, а носеше темни очила и безбол капче, кои не ги извади ниту кога почна рочиштето.

    Адвокатите на Груевски побараа рочиштето да биде затворено за медиумите, а обвинителството се согласи. Судот дозволи затворено рочиште, но одлуката ќе биде јавно соопштена.

    Министерството за правда бара екстрадиција за Груевски за правосилната двегодишна затворска казна за предметот на СЈО „Тенк“, а на 17 јуни министерката за правда Рената Дескоска рече дека наскоро ќе биде испратено и барање за екстрадиција во врска со организацијата на нападот во Собранието на 27 април 2017.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари