Граѓани од сите генерации, многу учесници од Грција, Србија, Црна Гора и од други странски држави, дојдоа да дадат поддршка на првата Парада на гордоста што се одржува денес во Скопје.
Организатор на настанот е ЛГБТ мрежата.
Маршот тргнува од Паркот Жена Борец пред ГТЦ. Крајната дестинација е Школка во Градскиот парк, каде треба да има журка и говори. Најавена за обраќање е министерката Мила Царовска.
Настанот е под силно полициско обезбедување, проблеми нема.
С. К. ДЕЛЕВСКА