ЖЕЛБАТА ДА СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД ЗАПАДНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЌЕ СТАНЕ РЕАЛНОСТ ОВАА ГОДИНА, КАЖА АМЕРИКАНСКАТА В.Д. АМБАСАДОРКА ШВАЈЦЕР-БЛУМ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 4 ЈУЛИ

    ЖЕЛБАТА ДА СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД ЗАПАДНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЌЕ СТАНЕ РЕАЛНОСТ ОВАА ГОДИНА, КАЖА АМЕРИКАНСКАТА В.Д. АМБАСАДОРКА ШВАЈЦЕР-БЛУМ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 4 ЈУЛИВ.д. амбасадорката Микаела Швајцер-Блум со претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета и премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица на приемот по повод американскиот Ден на независноста 4 Јули. (Фото: К. Попов)

    Желбата на граѓаните Северна Македонија да го заземе местото во западните институции ќе стане реалност оваа година, кажа в.д. амбасадорката на САД Микаела Швајцер-Блум на денешното одбележување на 4 Јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави.

    Таа кажа дека САД и во иднина ќе бидат не само пријатели и партнери на зeмјава туку и сојузници.

    Одбележувањето на американскиот Ден на независноста 4 Јули годинава беше со амбиент од американските панаѓури. (Фото: К. Попов)

    „САД со натрпение чекаат во наредните месеци да ѝ посакаат добредојде на Северна Македонија како 30. члeнка на НАТО, а исто така силно го поддржуваме и почнувањето на пристапните преговори со ЕУ што е можно побрзо“, рече Швајцер-Блум.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на приемот во американската амбасада по повод 4 Јули, Денот на независноста. (Фото: К. Попов)

    Прославата во дворот на амбасадата оваа година беше со амбиент од американските панаѓури, кои токму на 4 јули почнуваат да се одржуваат низ целата земја.

    4 Јули традиционално се одбележува со голем огномет. (Фото: К. Попов)

    На приемот дојдоа премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, министри, градоначалници, пратеници, амбасадори.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира