ГИ НАМАЛИВМЕ КАЗНИТЕ НА МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ, СЕ ПОФАЛИ ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО

    ГИ НАМАЛИВМЕ КАЗНИТЕ НА МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ, СЕ ПОФАЛИ ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВООд Фондот за здравствено осигурување велат дека следната година ќе потпишат нови договори со избраните лекари. - Ден Дончев, директор на Фондот за здравствено осигурување. (Фото: СДК.МК)

    Фондот за здравствено осигурување склучи анекс-договори со избраните матични лекари, а нови договори ќе има до крајот на годината, согласно препораките од Светската здравствена организација.

    Од Фондот за здравствено осигурување велат дека анекс-договори потпишале со избрани лекари по општа медицина, стоматологија и гинекологија, како и со лабораториите. Во меѓувреме пореди технички причини дел од барањата за анекс-договорите не стигнале во Фондот и се работи на решение.

    Од Здружението на приватни лекари минатиот месец реагираа дека Фондот не ги прифатил нивните барања казните да ги намали на просечна плата и дека повторно ги казнуваат на капитација. Д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на (ЗПЛРМ) рече дека во име на лекарите од примарното здравство бара да има и награди.

    На ова од Фондот велат дека излегле во пресрет на барањата на лекарската и стоматолошката комора и дека казните се намалени, а овие промени важат од овој месец. Според Фондот договорните казни се дефинирани според надоместокот кој се исплатува на приватната здравствена установа, односно во дел од капитацијата, за да се овозможи правичност во казнувањето.

    „Поедноставено кажано, во зависност од висината на сумата, која се исплаќа на здравствената установа, се изрекува и казната, за да не се оштети која било здравствена установа. На пример ако на една приватна здравствена установа досега и се изрекувала казна за одредена повреда во висина од три месечни капитации, со намалувањето, таа казна ќе изнесува една месечна капитација или е намалена за 33 отсто. Досегшната казна од една половина капитација е намалена на една третина капитација, или од 50 отсто на 33 отсто од надоместокот, а казната од една четвртина е намалена на една петина капитација, или од 25 отсто на 20 отсто. Голем дел од досегашните казни се префрлаат во изрекување на опомена“, велат од Фондот за здравствено осигурување.

    „Со анекс-договори осигурениците како и досега ќе продолжат да ги користат здравствените услуги во примарна здравствена заштита, утврдени согласно законските и подзаконските акти на Фондот“, велат од Фондот за здравство.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира