ЗА ПЛАТФОРМИТЕ НА МАТКА СЕ ЧЕКА СУГАРЕСКИ, ЗАЕВ И БЕЏЕТИ СЕ ПОВИКАА НА ПРАВОТО НА ЖАЛБА НА УЗУРПАТОРИТЕ

    ЗА ПЛАТФОРМИТЕ НА МАТКА СЕ ЧЕКА СУГАРЕСКИ, ЗАЕВ И БЕЏЕТИ СЕ ПОВИКАА НА ПРАВОТО НА ЖАЛБА НА УЗУРПАТОРИТЕГрадоначалникот Блерим Беџети кажа дека чекаат да одлучи Второстепената комисија на Министерството за транспорт и врски по барањето на сопственикот за легализација.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Дивите платформи на Матка уште не се уриваат и не се знае кога и дали ќе се отстранат оти Општина Сарај чека Министерството за транспорт и врски да одлучат по барањето на сопствениците за легализација на дивоградбите.

    На денешното отворање на фабриката за преработка на месо во Сарај на новинарско прашање зошто не се уриваат платформите во кањонот Матка премиерот Зоран Заев изјави дека надлежните институции постапувале.

    „Колку што сум јас запознаен институциите постапуваат. Целиот процес е транспарентен. Градоначалникот знае да даде повеќе информации“, рече Заев.

    Градоначалникот Блерим Беџети кажа дека се чекало да одлучи Второстепената комисија на Министерството за транспорт и врски по барањето на сопственикот за легализација.

    „За една од платформите има судски спор. Деновиве Министерството за транспорт и врски ме извести да не постапувам набрзина бидејќи има двостепеност во нашата држава. Согласно законите и за ова прашање ќе биде постапено“, рече Беџети.

    САКАМДАКАЖАМ.МК на 10 февруари објави дека на кањонот Матка на диво се градат платформи. Оттогаш никој не ги урива, ниту ги чепка платформите, напротив тие работат претворени во кафулиња и места за изнајмување на кајаци и кајчиња.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира