ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ Е ПОВАЖНО ОД ПРАВОТО ДА СЕ КОРИСТИ АВТОМОБИЛ, ОДЛУЧИ ШПАНСКИ СУД И ЈА ВРАТИ ЗАБРАНАТА ЗА ВОЗИЛА ВО ЦЕНТАРОТ НА МАДРИД

    ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ Е ПОВАЖНО ОД ПРАВОТО ДА СЕ КОРИСТИ АВТОМОБИЛ, ОДЛУЧИ ШПАНСКИ СУД И ЈА ВРАТИ ЗАБРАНАТА ЗА ВОЗИЛА ВО ЦЕНТАРОТ НА МАДРИДВо понеделникот, илјадници граѓани протестираа против одлуката на новиот мадридски градоначалник да ја укине забраната за возила што загадуваат во центарот на шпанската престолнина. (Фото: АП)

    Казните за возила што влегуваат во центарот на Мадрид се вратени, само пет дена откако беше укината зоната со ниски издувни гасови. Новиот конзервативен градоначалник на шпанската престолнина Хосе Луис Мартинес-Алмеида ја укина иницијативата позната како „Мадрид Сентрал“, воведена од неговиот претходник Мануел Кармења во ноември согласно правилата на ЕУ за чист воздух.

    Судот ја врати забраната по зголеменото загадување, но и по масовните протести.

    Во понеделникот, илјадници граѓани протестираа против одлуката на Мартинес-Алмеида да ја укине забраната. Судијата што пресуди да се врати забраната кажа дека здравјето на мадриѓани е поважно од правото да се патува со автомобил.

    Одлуката на судот значи дека најголем дел од возилата на бензин и дизел повторно нема да можат да влегуваат во центарот на Мадрид.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира