Кривичниот суд му го продолжи протворот на битолскииот градоначалник Владимир Талески за уште 30 дена. Според соопштението објавено на интернет страницата на Основниот суд Скопје 1 , Кривичниот суд постапувајќи по предлог на СЈО за понатамошно обезбедување на В.Т. , осомничен дека сторил злоупотреба на службената положба , го уважи предлогот и ја продолжи мерката куќен притвор за нови 30 дена.
Во соопштението понатаму пишува дека надзорот над мерката куќен притвор ќе го спроведува СВР Битола, а доколку осомничениот не се придржува против него ќе се определи мерка притвор.
Талески веќе помина 30 дена во куќен притвор и со ова мерката му се продолжува до два месеца. Тој е осомничен за случајот Транспортер, односно за организирање на школски превоз по цени повисоки од реалните.