Во големата балетска сала при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, вчера заврши Летната балетска школа организирана од „Еуролинк осигурување“. Балетската школа почна на 19 јуни и во период од три недели младите балерини и балетани ги изучуваа вештините и основните техники во класичниот балет, под менторство на првенецот и педагог од Националната опера и балет (НОБ) Горан Божинов.
„Летната балетска школа помина со многу забава и нови пријателства, а на завршната претстава која беше подготвена со многу љубов и труд, малите учесници пред своите родители презентираа што научиле во изминатите три недели. На тој начин се заокружи неколку неделното дружење и изучување на класичниот балет“, велат од компанијата.
„Еуролинк осигурување“ заедно со Божинов, на сите учесници во школата им додели сертификат за успешно завршена балетска школа.
Активноста е дел од платформата за корпоративна општествена одговорност„Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, која годишно реализира повеќе а тивности од областа на културата, уметноста и образованието