„НЛБ банка АД Скопје“ е прогласена за најдобра банка во Северна Македонија од страна на финансискиот магазин „Euromoney“, а наградата ѝ беше доделена на посебна церемонија во Лондон.
Доделувањето на овие награди се базира на различни критериуми, при што освен остварените деловни резултати, предвид се земаат и пазарната позиција, иновативноста, новите услуги, системот на управување и професионалноста на вработените. Процесот на избор трае повеќе од два месецa и во него учествуваат новинари и соработници на магазинот.
Покрај наградата за „НЛБ банка АД Скопје“, оваа година групацијата НЛБ доби уште три награди: „НЛБ д.д. Љубљана“ е прогласена за најдобра банка во Словенија, а „НЛБ банка Подгорица“ за најдобра банка во Црна Гора, а ја доби и наградата за најдобра трансформација во регионот на Југоисточна Европа.