СТАРИТЕ ВОЗОВИ СЕ РАСИПУВААТ, А КИНЕСКИТЕ СЕ БЕЗ ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ

    СТАРИТЕ ВОЗОВИ СЕ РАСИПУВААТ, А КИНЕСКИТЕ СЕ БЕЗ ТЕХНИЧКИ ПРИЕМШесте патнички возови кои во 2015 и 2016 година за 25 милиони евра беа набавени од Кина се без технички прием оти имаат помалку седишта. (Фото: СДК.МК)

    Патничкиот но и товарниот железнички сообраќај во земјава се одвива со потешкотии. Дел од постарите локомотиви и патнички возови се расипуваат на високите температури, па се случува некои линии да бидат и откажани, како што е случајот со возот за Кочани. Шесте патнички возови кои во 2015 и 2016 година за 25 милиони евра беа набавени од Кина пак се без технички прием оти имаа помалку седишта.

    „Од овие ново набавени возови граѓаните немаат бенефит. Имаме проблеми во железничкиот сообраќај. Се надевам дека тоа ќе се надмине со локомотивите кои ги чекаме да дојдат од Кина“, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски на увидот на градежните работи за реконструкција на регионалниот пат Чашка-Лисиче.

    Вицепремиерот Кочо Анѓушев вчера изјави дека од шест гарнитури дојдени од Кина за патничкиот сообраќај половина се веќе неисправни поради што се води постапка пред надлежните институции.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира