ПЕНДАРОВСКИ ДОНЕСЕ НОВИ УКАЗИ ЗА УНАПРЕДУВАЊАТА НА ИВАНОВ ВО АРМИЈАТА ЗА ВРЕМЕ НА ИЗБОРИТЕ

    ПЕНДАРОВСКИ ДОНЕСЕ НОВИ УКАЗИ ЗА УНАПРЕДУВАЊАТА НА ИВАНОВ ВО АРМИЈАТА ЗА ВРЕМЕ НА ИЗБОРИТЕСо новите укаси на Пендаровски тројца вработени во Армијата се разрешуваат од позициите на кои ги постави Иванов, на двајца им се потврдуваат позициите. За указот на Иванов со кој генерал мајор Васко Ѓурчиновски добива чин генерал потполковник, останува бидејќи според Законот за одбрана, чин не може да се врати. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Претседателот Стево Пендаровски донесе нови укази за поставување и унапредување во Армијата за лицата кои ги унапреди во текот на претседателските избори, неговиот претходник Ѓорге Иванов.

    Иванов на 25 февруари потпиша шест решенија за унапредување и поставување старешини во Армијата, по што Антикорупциската комисија поведе прекршочни постапки против него поради непочитување на забраните утврдени во Изборниот законик и Законот за спречување на корупција и судри на интереси.

    Со новите укази на Пендаровски тројца вработени во Армијата се разрешуваат од позициите на кои ги постави Иванов, на двајца им се потврдуваат позициите. За указот на Иванов со кој генерал мајор Васко Ѓурчиновски добива чин генерал потполковник, останува бидејќи според Законот за одбрана, чин не може да се врати.

    „Претседателот постапи откако Државната комисија за спречување на корупција донесе решение за прекршочна постапка против Иванов бидејќи во време на изборен период вршел поставување и унапредувања во Армијата. Сите шестмина пред да се донесат новите укази на претседателот Пендаровски беа информирани и известени дека тие не можат кривично да одговараат за одлука која ја донел и потпишал друг“, брифираат избори од Кабинетот на Претседателот.

    Со новите укази на бригаден генерал Орце Јордев и полковник Маријо Јурушиќ им се потврдуваат и од Пендаровски унапредувањата од Иванов. Јуишиќ ќе биде одбранбено аташе во Париз, а Јордев заменик на командантот на здружената оперативна команда на Генералштабот на Армијата.

    Бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски кого Иванов го назначи за воен претставник на земјава во НАТО, со указ на Пендаровски се отповикува од оваа позиција и дополнително треба да му се најде место во Армијата. Поништен е указот и за унапредувањето на полковник Драган Ковачки кого Министерството за одбрана треба да го распредели, а полковник Бесник Емини, Пендаровски го постави за полковник на Првата механизирана пешадиска бригада во Генералштабот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира