ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО НАЈДЕ ИЗГУБЕНИОТ ТЕЛЕФОН НА ЈАНЕВА

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО НАЈДЕ ИЗГУБЕНИОТ ТЕЛЕФОН НА ЈАНЕВАкога ѝ беше одземен првиот телефон на Јанева, обвинителката Вилма Рускоска, која го води случајот „Рекет“, рече дека одземен за да се види дали имало комуникација меѓу нејзе и првоосомничениот Бојан Јовановски-Боки 13. - Катица Јанева во Собрание (Фото: СДК.МК)

    Обвинителството за организиран криминал и корупција го најде и вториот телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева, за кој таа им рекла дека ѝ бил изгубен, соопшти Јавното обвинителство. Телефонот бил пронајден со следење на ИМЕИ бројот со помош на мобилен оператор и лицето кај кое бил телефонот рекло дека го добило на подарок.

    „По дадени насоки на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден е пронајден вториот мобилен телефон на јавниот обвинител по кој се трагаше. По издавање на првата наредба за одземање на мобилните телефони, беше пронајден само еден мобилен телефон и беше дадена информација дека вториот мобилен телефон бил изгубен. Обвинителството со издадено барање до мобилните оператори за следење на ИМЕИ- меѓународен идентитет на мобилна опрема на телефонот, го пронајде мобилниот телефон кај друго лице. По што, со наредба на судија на претходна постапка телефонот е одземен. Притоа лицето изјави дека телефонот е добиен на подарок“, се вели во соопштението.

    ТЕЛЕФОНОТ Е ОДЗЕМЕН ЗА ДА СЕ ВИДИ ДАЛИ ИМАЛО КОМУНИКАЦИЈА МЕЃУ ОБВИНИТЕЛОТ И ОСОМНИЧЕНИОТ, РЕЧЕ РУСКОСКА

    Од Обвинителството за организиран криминал и корупција велат дека телефонот ќе биде предмет на вештачење и истовремено испитуваат дали вториот телефон бил средство на СЈО.

    На 15 јули, кога ѝ беше одземен првиот телефон на Јанева, обвинителката Вилма Рускоска, која го води случајот „Рекет“, рече дека одземен за да се види дали имало комуникација меѓу нејзе и првоосомничениот Бојан Јовановски-Боки 13.

    М. ИЛИОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира