ДЕВОЈКА ОД ГОСТИВАР МЕЃУ НАСТРАДАНИТЕ ВО МИНХЕН?

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Минхен,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДЕВОЈКА ОД ГОСТИВАР МЕЃУ НАСТРАДАНИТЕ ВО МИНХЕН?

    Меѓу жртвите во терористичкиот напад во трговскиот центар во Минхен има и Албанец од Македонија, јавија косовските медиуми, а пренесе на Твитер косовската амбасадорка во САД Фљора Читаку.

    За koha.net, сведок од местото на настанот кажа дека видела гостиварка како плаче за ќерка си, која работела во трговскиот центар.

    „Кога се отворија вратите, 10-мина припадници на специјалната полиција не претресуваа и потоа бевме евакуирани. Навистина беше хорор, сите плачеа, жена од Гостивар плачеше за ќерка си, која работи во центарот“, изјави Шкипе Мехмети за КТВ.

    Според минхенската полиција, во нападот кој се случи доцна попладнево има девет загинати и десет повредени. За еден од загинатите, полицијата се сомнева дека е напаѓачот.

    Македонското Министерство за надворешни работи апелираше сите заинтересирани за безбедноста на своите блиски да го контактираат генералниот конзулат на Република Македонија во Минхен на мобилниот телефон: 00 49 1763 063 50 87

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира