СЕ УКИНУВА ЛИХВАРСКИОТ ОДНОС КОН СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ, КАЖА ФИЛИПЧЕ ЗА ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ВО СОБРАНИЕТО

    СЕ УКИНУВА ЛИХВАРСКИОТ ОДНОС КОН СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ, КАЖА ФИЛИПЧЕ ЗА ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ВО СОБРАНИЕТОМинистерот за здравство Венко Филипче кажа дека во дополнителна дејност пациентите во ЈЗУ досега плаќале како приватни пациенти и тоа ги одвраќало да идат во приватни болници. (Фото: Министерство за здравство)

    Собранието денес ќе расправа за измена и дополнување на Законот за здравствена заштита, кои се предложени од група пратеници, со кои ќе се намали периодот што докторите специјализанти треба да го одработат во јавната здравствена установа (ЈЗУ) во која специјализирале.

    Министерот за здравство Венко Филипче на денешниот брифинг со новинарите рече дека се намалува износот што треба да го вратат доколку предвреме заминат ЈЗУ, се укинува менаџерскиот испит за докторите и се овозможува пациентите да изберат лекар во дополнителна дејност на товар на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ).

    „Има можност тоа да го предложат пратениците и тоа го правиме. Со ова практично се укинува оној лихварски однос петкратно или некаде и десеткратно да вратат средства ако предвреме заминат, а соодносот на обврската да останат во ЈЗУ од еден спрема два се намалува на еден спрема еден“, рече Филипче.

    Тој кажа дека во дополнителна дејност пациентите во ЈЗУ досега плаќале како приватни пациенти и тоа ги одвраќало да одат во приватни болници.

    „Сега услугата ќе биде на товар на Фондот за здравство, а тие ќе плаќаат за тимот. Исто така овозможуваме пензиониран доктор да може да го викнат да биде консултант во ЈЗУ во општината во која живее“, рече Филипче.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира