ОСУМГОДИШНИК УКРАЛ КОМБЕ, ПОБЕГНАЛ И УДРИЛ ВО ГРАДИНКА

    ОСУМГОДИШНИК УКРАЛ КОМБЕ, ПОБЕГНАЛ И УДРИЛ ВО ГРАДИНКАДетето минало без повреди, причинета материјална штета на возилото и оградата од градинката; - Од местото на инцидентот (Фото: СДК.МК)

    Осумгодишник вчера попладне во Велес украл комбе, избегал и удрил во градинка. Инцидент се случил пред пералница за коли на улицата Оливер Китановски, во новиот дел на градот. Детето минало без повреди, а на возилото има материјална штета. Од полиција го потврдија инцидентот.

    „Вратата од патничкото комбе беше отворена, детето беше во близина и се втрча на возачкото место и успеа некако да стартува. Се упати кон градинката. По дваесетина метри удри во оградата, добро е што немаше пешаци, а децата од градинката си беа заминати дома. Оградата спречи да влезе во дворот. Дојде полиција и кажа дека детето имало осум години“, вели очевидец на настанот.

    Законот за малолетничка правда предвидува дека „спрема малолетник кој во време на извршувањето на дејствието што со закон е определено како кривично дело или прекршок, не наполнил 14 години -дете во ризик не може да се примени санкција“.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира