ХРВАТСКИ ВОЈНИК ЗАГИНА ВО НАПАДОТ НА БОМБАШ-САМОУБИЕЦ ВО КАБУЛ

    ХРВАТСКИ ВОЈНИК ЗАГИНА ВО НАПАДОТ НА БОМБАШ-САМОУБИЕЦ ВО КАБУЛМинистерството за одбрана на Хрватска објави фотографии од денешниот напад (Фото: Н1)

    Еден хрватски војник загина, а уште двајца се повредени во нападот на бомбаш-самоубиец во Авганистан.

    Министерството за одбрана на Хрватска објави дека 26-годишниот војник починал во болница откако претрпил тешки повреди на главата во нападот.

    Хрватските војници биле дел од конвојот кој утрово тргнал од базата „Гибсон“, што се наоѓа во рамките на аеродромот во Кабул, кога во нивното возило се забил мотоцикл со бомбаш-самоубиец.

    „Двајцата потешко повредени војници со хеликоптер беа префрлени во најблиската болница, додека третиот има повреда на раката и остана во кампот. За жал, еден од нив почина од тешките повреди. Доколку возилото не беше блиндирано, последиците ќе беа далеку потешки“, изјави министерот Давор Крстичевиќ.

    Тој додаде дека хрватските војници во Авганистан не учествуваат во борбени, туку само во мировни мисии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира