Земјотресна тура за деца ќе се одржи утре низ Скопје по повод 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес. Со панорамски автобус кој е обезбеден од ЈСП „Скопје“ и водич од Музејот на Град Скопје, ќе се посетат десет локации кои биле погодни со земјотресот и објектите кои биле изградени потоа благодарение на помошта и солидарноста која ја доби Скопје.
„Целта на оваа авантура низ Градот е преку едукативна, забавна содржина најмалите да го запознаат градот од спомените на возрасните и да ја почувствуваат вистинската магија на Скопје“, велат организаторите.
Турата е насловена „Зачекори во здраво Скопје“ и е во организација на издавачкиот центар „Три“. Поаѓањето е во 9 часот од фонтаната во Градскиот парк, а крајна дестинација ќе биде Музејот на Град Скопје.