Управниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) го назначи Златко Ќурчиевски за нов директор на РЕК Битола. Тој досега беше директор за производство во компанијата.
Ќурчиевски доаѓа на местото на Васко Ковачевски, кој стана прв човек на Електрани на Северна Македонија.
Ќурчиевски е дипломиран електроинженер, кој во комбинатот работи од 1998 година, кадешто досега извршувал повеќе одговорни функции. Тој е и претседател на Општинската организација на СДСМ во Битола.
Ж. ЗДРАВКОВСКА