ОД СЕПТЕМВРИ ЛЕКОВИ БЕЗ КВОТИ ПОРАДИ ИНДИЦИИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА, НАЈАВИ ЗАЕВ

    ОД СЕПТЕМВРИ ЛЕКОВИ БЕЗ КВОТИ ПОРАДИ ИНДИЦИИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА, НАЈАВИ ЗАЕВНа пратенички прашања во Собранието минатата недела, Заев откри дека има сериозни индиции за злоупотреби со позитивната листа на лекови и издавањето рецепти. - Заев во посета на Кумановската болница (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев најави дека имаат план од септември да ги пуштат лековите комплетно без квоти.

    „Наша аспирација е во септември комплетно лековите да ги пуштиме без квоти. Тоа е сериозен исчекор и државата влегува во сериозен ризик, но граѓаните ќе имаат лекови. Ако успееме да ги ставиме контролните механизми, ние ќе стартуваме со еден ваков процес“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето на употреба на ургентниот центар во Куманово.

    На пратенички прашања во Собранието минатата недела, Заев откри дека има сериозни индиции за злоупотреби со позитивната листа на лекови и издавањето рецепти.

    „Јас никого не обвинив, но постојат сериозни индиции дека се злоупотребува делот на позитивната листа за лекови, издавањето на рецептите, бидејќи генерално во буџетот секоја година се повеќе растат парите за лекови на позитивната листа, а наталитетот во државата останува ист, дури во еден дел се намалува заради миграцијата надвор од државата. Сето тоа дава сериозни индиции дека некаде се случуваат незаконски дејствија. Пораката од мене како премиер е дека криминалот значи затвор, значи одговорност. Секој кој ќе се огреши треба да си прифати одговорност. Не обвинуваме никого, тоа може само истрагата да го утврди, ако има докази. Целта нѝ е да се испрати порака да не си играме со парите на граѓаните“, кажа Заев.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира