ПОРАДИ МОРБИДНИ РЕШЕНИЈА СТРУМИЦА НЕ МОЖЕ ДА ИЗБЕРЕ СПОМЕНИК

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОРАДИ МОРБИДНИ РЕШЕНИЈА СТРУМИЦА НЕ МОЖЕ ДА ИЗБЕРЕ СПОМЕНИК

    Две години по хеликоптерската несреќа кај Струмица, Општината се уште бира решение за изгледот на споменикот што планира да го подигне во чест на загинатите пилоти. Пропадна и вториот распишан конкурс на кој пристигнаа три предлог макети кои ја илустрираа несреќата што се случи на 10 јули 2014, кога од се уште непознати причини се урна хеликоптер на МВР и загинаа чеворица пилоти.

    Макетите се лак со искршен перки, ангел кој држи во раце мало ангелче и платформа со лисја налик на перки. За општинската комисија задолжена за изборот на идејното решение, предлозите ни оддалеку не ги задоволиле критериумите кои требало да се исполнат за спомен обележјето во чест на пилотите на МВР.

    „Пристигнатите предлог идеи не ги задоволија критериумите на комисијата. Одлучивме постапката да ја продолжиме во соработка со Ликовната колонија каде следниот месец ќе учествуваат над 20 тина уметници, скулптори, вајари. Сакаме идејното решение според кое ќе се подига спомен обележјето во Струмица, да биде прифатливо и за јавноста и за семејствата на починатите“, информираше Петар Божинов од Комисијата.

    Македтите од вториот конкурс кои не ги задоволија криетриумите на комисијата

    Македтите од вториот конкурс кои не ги задоволија криетриумите на комисијата

    Во јануари минатата година Советот донесе одлука да се подигне споменик на загинатите пилоти, беше распишан и првиот конкурс на кој беше понуден само еден предлог, споменикот да биде хеликоптер кој паѓа дијагонално, но беше повлечен под притисок на јавноста дека решението е морбидно. Општината тогаш најави дека ќе распише втор конкурс.

    Споменикот во чест на пилотите треба да биде поставен во близина на Домот на АРМ, кај големиот парк, а од Општината за таа намена се планирани околу еден милион денари

    Несреќата се случи на 10 јули 2014 година, кога при удар во столб, падна хеликоптер  „ми-17, сопственост на Министерството за внатрешни работи, при што загинаа пилотите Иљо Лопатички, Драги Мицев, Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков. Две години по несреќата, истрагата се уште нема утврдено кривична одговорност за ниедно лице.

    Од Јавното обвинителство на почетокот на месецов најавија дека ќе се врши реконструкција на трагичниот лет. Целта на реконструкцијата е да се утврди дали поминатата маршрута на паднатиот хеликоптер била согласно на договореното. По анализа на доказите ќе се одлучи дали ќе има потреба од дополнително вештачење за кое евентуално би била ангажирана странска институција.

    HELIKOPTER STRUMICA - od nesrekata

    Несреќата се случи на 10 јули 2014 година, а истрагата до сега нема утврдено кривична одговорност за ниедно лице

    Досегашната истрага покажала дека осветлувањето на столбот било како што треба, дека хеликоптерот бил исправен, а лабораториските анализи и обдукцијата на телата на починатите покажале дека пилотите биле подготвени за тренажниот лет. Црните кутии не помогнале да се откријат причините за несреќата, ни кој ќе понесе одговорност за неа.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира